МВР ја потврди информацијата на ММС дека денес е пронајдена дрога во службено возило „шкода јети“ во дворот на полициската стануца.
Но, од МВР велат дека пронајдената дрога постои можност да е од приведени лица во текот на викендот.
-Денеска во 13.00 часот од страна на полициски службеник од СВР Штип е пријавено дека на задното седиште од службено полициско возило пронашол две најлонски паковки со околу 1,5 грама грутчеста материја. Возилото за време на викендот е користено при приведување на повеќе лица поради нарушување на јавниот ред и мир и постои сомнение дека паковките се оставени од некое од овие лица. СВР Штип презема мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.