СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 01.07.2024 во домот, по претходна расправија, пријавената со нож се заканила на нејзините дедо и баба, а оштетила и дел од покуќнината.
На 14.07.2024 во 20.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(47) од Скопје, затоа што во домот физички го нападнал неговиот 77 – годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.