Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен се јави за да објасни за состојбата со пожарите.
-Пожарот на планината Серта се уште е активен и тоа на териториите на Штип, Неготино и Конче. Покрај овој пожар има уште еден тежок, во општина Ново Село, на планината Огражден, во непосредна близина на границата со Бугарија. Нашиот фокус денес ќе биде ставен на овие два пожара, рече Ангелов и додаде:
-Рано утрово пристигна помош од Турција, на аеродромот слета хелихоптер и два „ер трактори“. Двата „ер трактори“ од Турција и двата наши на ДЗС веќе се полетани и ќе го гаснат пожарот во Ново Село, додека еден полициски хелихоптер гасне на Серта, а набргу нему ќе му се придружат еден халихоптер на АРМ и еден од Турција. Од земја гаснат голем број пожарникари, а ним им помагаат припадници на ловечкото друштво, јавните комунални претрпијатија и локалното население. Покрај гаснењето од воздух се обидуваме да направиме противпожарни пресеки за да може со теренски возила да влезат пожарникари, но засега е тешко, бидејќи станува збор за исклучително лош и тежок терен со грмушки, карпи, долови, трња, но и шума. А тоа го отежнува движењето. Тешко е пожарникарите да дојдат до тој терен. Денес на помош има 103 припадници од АРМ, 30 припадници на ЕБР кои ќе помогнат. Дополнително се разгледува мегународна помош во воздухоплови, рече Ангелов.