Сценаристите Ајалет Валдман и Дејмон Линделоф се приклучија на барањата за повлекување на Џо Бајден од претседателската трка.
Холивудските актери, како што е познато, се едни од најголемите донатори на демократите, а претходно актерите Џорџ Клуни и Мајкл Даглас побараа кандидат кој ќе го замени Бајден во изборната битка.
„Отсекогаш сум донирал повеќе отколку што можам да си дозволам. Но, сега, за прв пат, решив да престанам да донирам за да укажам на мојата апсолутна паника“, рече Валдман.
Во колумна објавена на почетокот на јули, Линделоф ги повика демократите целосно да престанат да донираат за Демократската партија додека не биде сменет Бајден, јавува Би-Би-Си.
И наследничката на Дизни, Абигејл Дизни, актерите Џон Кјузак и Роб Рајнер, како и писателот Стивен Кинг повикаа на промена на демократскиот кандидат.
Медиумите како потенцијални замени ги наведоа потпретседателката Камала Харис, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
Како што објавивме претходно, претседателот Бајден децидно изјави дека нема намера да се откаже од трката за втор мандат во Белата куќа.