ТВ Сител попладнево јави дека во Скопје четворица малолетници биле пронајдени во безсознание во куќа во Скопје. Тие, како што информира телевизијата, се пренесени на Токсикологија.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата.
-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Сител.