Штипјанка доцна синоќа во 22.00 часот во СВР Штип пријавила дека нејзината малолетна ќерка била натепана од друга малолетничка.
Според полицискиот извештај мајката со иницијали Б.К.(44) од Штип пријавила дека нападот се случил околу 19.50 часот во Штип.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.