Судот во Москва, издаде налог за апсење на вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални под обвинение за екстремизам, објавија државните медиуми, а сега таа се огласи и на социјалната мрежа Икс.
„Кога пишувате за ова, не заборавајте да го напишете главното: Владимир Путин е убиец и воен злосторник. Неговото место е во затвор, а не некаде во Хаг, во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија. – во истата колонија и иста ќелија од два на три метри во која го уби Алексеј“, објави Јулија Навални на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, по веста дека судот издал налог за нејзино апсење, јавува Би-би-си.
Обвиненијата покренати против Јулија Навални, која живее надвор од Русија, во отсуство се однесуваат на нејзиното наводно „учество во екстремистичко општество“, пренесе агенцијата Тасс.
Навални беше најважниот руски опозициски лидер во изминатата деценија. Тој почина во февруари во затворот на Арктичкиот круг. Руските власти соопштија дека тој починал од природна смрт, но неговата вдовица рече дека Навални бил „мачен“ и „огладнет, а подоцна и убиен“ од рускиот претседател Владимир Путин.
Навални одлежа 19 години под обвинение за екстремизам, кои се сметаа за политички мотивирани.