Во Франција е отворена истрага против сопругата на поранешниот претседател Никола Саркози, Карла Бруни за нејзината поврзаноста со пари од Либија во претседателската кампања во 2007 година.
Пејачката е ставена под судска контрола поради евентуално влијание врз сведоците.
Аферата со Либија се фокусира на тврдењата дека парите за кампањата за претседателските избори на Саркози во 2007 година дошле нелегално од режимот на тогашниот либиски владетел Моамер Гадафи. Француско-либанскиот бизнисмен Зиад Такиедин во 2016 година изјави дека кон крајот на 2006 или на почетокот на 2007 година од Либија донел неколку куфери со милиони евра во Министерството за внатрешни работи во Париз, со кое во тоа време раководеше Саркози.
Такиедин првично се сметаше за главен сведок, но тој подоцна негираше дека Саркози добил пари од Либија. Поради тоа во 2021 година почна дополнителна истрага за да разјасни дали главниот сведок на обвинителството бил поткупен за да ја промени изјавата, како и за улогата на Бруни како контакт помеѓу Саркози и Такиедин.
МИА