Во Москва, Русија се одржа изборот за Мис на Евроазија 2024, на кој нашата држава ја претставуваше 26годишната тетовчанка Катарина Јовановска.
Таа од Москва се враќа со титулата трета придружничка, а овој голем успех го направи во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.
Победничка е претставничката на Узбекистан, титулата прва придружничка ја освои Мис Турција, а втора придружничка е убавицата од Русија.
Катарина е дел од Модното студио „Црнокрак“, кое веќе 8 години ја има лиценцата за овој престижен избор за убавина.