Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов прославува 20 години љубов со сопругата Јасминка.
Двајата решиле овој јубилеј да го прослават на Шар Планина.
-20 години заедно. 20 години љубов, почит и страст. Љубов крунисана со две најубави деца на свет. Деца кои потпораснаа за миг и веќе се тинејџери. А ние го искористивме овој голем ден за нас за планинарење низ падините на Шар Планина, нпиша тој н Фејсбук.
ММС го праша Ангелов од каде идејата ваков голем јубилеј да се слави токму на Шар Планина, кога директори своите годишници ги слават на некои егзотични места низ светот.
-Ние живееме нормален и скромен живот, ни рече тој и додаде:
„Идејата да одиме на Шар Планина беше и на двајцата бидејќи и двајцата многу ги сакаме планините“.
А на прашањето што си подариле за годишницата тој кусо одговори:
-Многу љубов и планински цвет.
(В.М.)