Тоа со бугарските пасоши е милионски бизнис за Бугарија и целата нивна кампања е насочена во делот каде што се македонците, истакна во Стадион претседателот на единствената партија на македонците во Албанија, Васил стерјовски.
- Прв пат кажав пред три години и пак ќе кажам, бизнисот со бугарски пасош во Албанија е попрофитабилен од бизнисот со садење марихуана. По наши информации албанци плаќаат по 15 до 20 илјади евра за еден бугарски пасош. Само ланската година еден бугарски пасош стигна до 35 илјади евра. Луѓе кои аплицираат за бугарски пасош кажуваат дека уште при аплицирањето им се кажува дека мора да се пишат бугари на пописот зашто во спротивно нема да добијат пасоши или ако во меѓувреме го добиете ќе ви го одземиме, посочува Стерјовски.
Потенцира и дека за бугарски пасош се плаќа во подрумот на бугарската амбасада во Албанија, без сметка или било каков документ повратно.
Целосно разговорот на линкот во продолжение: