Воопшто не е тајно попишувањето и резултатите од истото, Бугарија многу добро знаеше што прави и која и е целта, истакна во денешното издание на Стадион претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски.
- Бугарите знаеја тошно што прават. Во Мала Преспа првата недела од пописот немаше никаков проблем и кога добија информација бугарите дека македонците не се пишуваат како бугари тогаш ги добивме првите сигнали дека почнува да се прави притисокот. Имаше пример оди попишувач и вика слушај син ти аплицирал за бугарски пасош и ако не се пишете бугари нема да го добие, појаснува Стерјовски.
Посочува дека Бугарија имала свој таргет во Пустец, а тоа е 20 проценти од населението со што ќе се обезбеди тројазичност на оваа територија, според законот за заштита на правата на малцинствата, што е и главната цел на Бугарија.
Дополнително Стерјовски открива дека имало и јавни закани дури и за одземање на бугарските пасоши на Македонците од Мала Преспа доколку не се попишат како Бугари.
Новинарот на Канал 5 Александар Видиновски кој деновиве беше цел на закани од бугарска страна и кој информираше за скандалозните резултати на пописот во Албанија, вели дека бугарски во овој дел на земјата зборувале единствено албанците кои студирале во Бугарија, ниту еден друг жител на Пустец ниту зборувал ниту разбирал бугарски.
Александар Видиновски и Васил Стерјовски гости во најновото издание на Стадион на Канал 77, целосното издание следете го на линкот подолу: