МВР информира за кривична пријава против маж од беровско, кој омаловажувал жена на интернет.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.П.(31) од с.Смојмирово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавениот, на 08.03.2024 на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице и промовирал омраза, дискриминација и насилство против неа, информираат од МВР.