Турскиот дефанзивец Мерих Демирал е суспендиран на два натпревари од УЕФА пред четвртфиналето на ЕУРО 2024 против Холандија, пренесe БИЛД.
Тоа значи дека централниот бек ќе пропушти и евентуално полуфинале доколку бидат успешни против „лалињата“.
Дефанзивецот на Ал Ахли ги постигна двата гола во победата на неговиот тим над Австрија со 2-1 во осминафиналето.
На еден од головите тој направи поздрав, кој се верува дека е поврзан со „Сивите волци“, екстремно десничарска екстремистичка група во Турција.
Поради ова тој беше суспендиран на два натпревари.