На двегодишно дете му е ампутирано стапалото по бизарна несреќа во градинка. Официјалните органи во државата Вашингтон соопштија дека несреќата се случила кога косилка прегазила дете во градинка во Квинси, на околу 200 километри источно од Сиетл, пренесува курир.рс.
Додека работникот во градинката ја косел тревата, му пришло детето. Сечилото го фатило за нога и го повлекло под косилката. На детето му е ампутирано стопалото и има тешки повреди на десната нога – наведува шефот на локалната полиција, Рајан Грин.
Детето веднаш е однесено во локалниот медицински центар, но поради тежината на повредата е префрлено во медицинскиот центар во Сиетл, каде докторите се борат да му го спрасат остатокот од ногата.
Ангела Акселсон, пријателка на семејството на детето објави линк од GoFundMe, каде што се собираат донации за помош.
„Двегодишниот син на моите пријатели е тешко повреден во градинката каде го прегазила косила за трева. Семејството навистина се наоѓа во тешка ситуација. Детето е хоспитализирано во детската болница во Сиетл каде морале да му го суспендираат стапалото“, наведува Акселсон.
Додека трае истрагата, на градинката ѝ е суспендирана дозволата за работа.