Присуството на илјадници луѓе само по себе говори за атмосферата на првите два дена од Д Фестивал, чие четиринаесетто издание завршува денеска.
Како што најавија претходно организаторите, и годинава во рамките на фестивалот освен музичкиот дел, беа организирани низа настани како панел дискусии, стенд ап, квизови, тетовирање, цртање со хена, читање на тарот карти и возење на кајак.
Вчера Mosquito бината ги дочека холандската група YĪN YĪN, српската хип – хоп група BAD COPY и од македонската нова андерграунд сцена настапија Вагина Корпорација.
Вчеравечер за првпат кај нас гостуваше и америкаснката трап легенда LIL PUMP!
Како изгледаше изминатите два дена атмосферата во Дојран, ви доловуваме во продолжение преку фотографиите направени низ објективот на нашиот фотограф Кире Андонов: