„Се додека дишам и додека имам шанса од бога и од природата нема да се откажам“. Ова во неколку наврати го повторуваше во јавноста познатата српска пејачка и на крај и се оствари нејзината најголема животна желба – Сања Милетиќ стана мајка на 52 години.
Српските медиуми пишуваат дека Сања претплaднево родила девојче.
Раѓањето на наследничката на познатата пејачка претставува најдобар крај на долгогодишната борба за потомство, за која таа отворено зборуваше во неколку наврати, но и вистинската круна на љубовта меѓу Сања и нејзиниот сопруг, со кој веќе е во брак една деценија. Толку траеле нејзините обиди да забремени и на крајот успеала. Претходно зборуваше дека имала неколку неуспешни ин витра.
Медиумите пишуваат дека Сања боледува од Хашимото (автоимуна болест каде клетките на имунолошкиот систем го напаѓаат и уништуваат ткивото на тироидната жлезда), што ја спречува да прави многу работи, приватни и деловни.