Една убава корисничка на „ТокТок“ е подготвена да се откаже од воспоставениот ритам што повлекува вработување, велејќи дека е „преубава“ за да се мачи да работи.
Луси Велчер е влијателна личност на социјалните мрежи со повеќе од 10 милиони лајкови на Тик Ток. Таа даде храбра изјава која доста ги подели мислењата на корисниците на социјалните мрежи, пренесува “Nypost”.
– Не сакам да работам до крајот на животот. Дали личам на некој што ќе станува секој ден во 6 часот наутро во следните 60 години – изјави оваа убава русокоса.
– Не, нема. Преубава сум за тоа – додаде таа.
Веднаш откако го објави видеото, почнаа да пристигнуваат разни коментари во врска со нејзината изјава.
Многумина ја критикуваа нејзината самодоверба нарекувајќи ја мрзелива.
– Се надевам дека ќе сфатите дека изгледот нема врска со работата и жално е што така размислувате – коментира еден корисник.
– Како да се обидеш да бидеш возрасна, а не привилегирана принцеза која очекува сѐ да ѝ биде послужено на чинија – беше уште една критика.
Сепак, имаше многу корисници кои се согласија со ставот на оваа девојка и рекоа дека и самите се исцрпени од работа. Во коментарите имало и маж кој и понудил да биде домаќинка, бидејќи заработува големи суми пари годишно, а на неа би ѝ останало само да се погрижи куќата да биде чиста и да има храна на маса.
Кога сфати колкава бура од различни погледи започнала, Луси во коментарите посочи дека сето тоа е само шега.
Извор: ona.telegraf.rs