Забрана за наводнување на јавни и приватни површини од 11 до 17 часот штом температурата надмине 27 степени Целзиусови воведе германскиот град Хановер, главниот град на германската сојузна покраина Долна Саксонија.
Се користат податоците од метеоролошката станица на аеродромот во Хановер, соопштија властите, пренесува Феникс магазин.
Секој кој ќе биде фатен дека не ја почитува оваа регулатива може да биде казнет со парична казна до 50.000 евра.
Доколку температурата повторно падне под 27 степени пред 17 часот, повторно е дозволено наводнување. Сепак, експертите во регионот препорачуваат наводнување само навечер или наутро ако сонцето е силно. Во овој период на некои места е забрането и полнење на базени и миење автомобили.