Премиерот Христијан Мицкоски вчера ја објави својата имотна состојба.
Тој напишал дека поседува куќа во Влаекупена за 26,8 милиони денари( 450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот девизи во штедната книшка, а од долгови, пак, премиер пријавил и дека има кредит од околу 400.000 денари.
Интересно е што Мицкоски во анкетниот лист пријавил дека има два часовника, кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот чини 2,384.202 милиони денари, додека другиот часовник е 824.052 илјади денари. Премиерот Мицкоски не објаснил како ги набавил овие два луксузни часовници од швајцарски марки.
Пријавил и дека од 2016 година поседува уметничка слика која вреди над 600 илјади денари или над 10 илјади евра. Мицкоски нема пријавено дека поседува моторно возило.