Таравари при денешната посета на Здравствен дом – Скопје даде изјава пред новинарите, кои го прашаа за решение околу повеќе горливи проблеми во здравството.
-Предлогот на екс министерот беше добар за 1200 договорци кои работат а немаат решенија да се вработат и веднаш да се ланира за нови вработувања. Ќе разговарам со министерот за финансии . Идејата е и специјализантите да се вработат и да може да се задржат, да останат а не после година-две да побегнат, рече министерот.
Во врска со недостаток на кадар на скопската брза помош тој рече:
-Знам дека е така ис е надевам дека со конкретни мерки ќе излеземе многу бргу.
Таравари денес разреши девет економски директори.
-Разрешени се девет директори. На Токсикологија, нов ќе биде професор Чибишев. Нов на Онкологија ќе има утре, се уште сум во комуникација со колегите од таму. На Неврологија е екс министерот за здравство Фатмир Меџити. Повеќе нема да има економски директори. Многу скоро ќе предложам нов Закон за здравствена заштита каде нема да има економски директори, туку само еден директор. Се надевам што побргу да ги синхронизирам систематизациите и да донесеме нова одлука за спојување на цел Клинички. Исто важи и здравствените домови и болниците, ќе бидат споени во една, општа болница, рече Таравари.