Новиот министер за здравство Арбен Таравари, вчера најави, а веќе денес го почна разрешувањето на економските директори.
Тој денес разрешил неколку економски директори на Клиниките, а меѓу нив е и скандалозната Бесија Иљази, економска директорка на Клиниката за Токсикологија. Иљази го заработи гневот кај народот и колегите поради нејзината ароганција, но и за вработување на несоодветни кадри на чувствителни места, а највеќе и заради тоа што не сакаше да комуницира на македонски јазик, па на работа одеше со татко и, кој и ја вршеше улогата на преведувач.
Иљази, која ја имаше најголемата поддршка од екс министер Илир Демири, не сакаше да комуницира ниту со колегите, ниту, пак, со новинарите.