Денешниот ден донесе максимални вредности на цената на електричната енергија на најголемата регионална берза, унгарската Хупекс. Изутрината цената на Мегават час се продаваше по 223 евра, за во вечерните часови да достигне до 502 евра. Во текот на денот, цената паѓа и до 90.10 евра, меѓутоа, повторно расте до вечерните часови меѓу 19 и 24 часот.
Просечната цена за денешниот ден е повисока за 108 отсто од просечните за месецот јуни. За илустрација, на 22 јуни, цената била пониска за 51 отсто.
Според неофицијални најави високата цена на струјата на регионалната берза се должи на дефект на главни регионални далноводи.