Силно невреме се спушти на одредени делови во Србија, а најлошо е во моментов, според најавите на РХМЗ во Лозница и Крупањ, каде град и врнежи создаваат хаос.
Градот толку многу напаѓал што дворовите побеле како среде зима.
Попладнево силен облачен систем со обилни врнежи и силни грмежи се разви над североисточните и северните предели на Босна и Херцеговина и во овој момент се движи над Посавина и Шемберија.
Градовите и регионите меѓу Бањалука, Тузла и Брчко, како и поширокото подрачје на Бијелина се на удар на невремето.
Овој олуен систем до крајот на денот ќе го продолжи патувањето по југозападната висока струја над Сава кон Хрватска, а најтешко ќе биде погоден истокот од Хрватска, односно Славонија.