Познатиот пејач Енес Беговиќ по семејната трагедија, го загуби синот пред една година најде сила повторно да застане пред медиумите и да најави нови концерти.
Синот на Енес, кој боледувал од автоимуна болест почина во болница во Сараево. Како што јавија тамошните медиуми, неговиот млад живот згаснал на рацете на неговиот татко, лекарите не успеале да го спасат.
Како што пишуваат босанските медиуми Беговиќ во краткото интервју за босанската телевизија „ХајатТВ“ откри што може да очекува публиката која ќе дојде на концертот што ќе го одржи заедно со неговите колеги од Босна.
– Тоа што ќе се случи во Травник ќе биде нешто што досега не е видено. Ќе има промена на добрата енергија и музика, мислам дека ќе биде една од најпосетените вечери. Ќе понудиме сè што им се допаѓа на луѓето, музика за сите генерации – изјави пејачот за „Хајат ТВ“.
Пејачката Елвира Рахиќ неодамна изјави дека целото семејство Беговиќ сè уште е во шок и откри кога нејзиниот кум Енес ќе се врати на сцената.
-За жал, тој ја доживеа таа трагедија. Сè уште не се враќа на сцената, а сигурно нема да се врати додека не помине годишнината од смртта на неговиот син. Можам само да кажам не дај Боже некој да го доживее тоа што го доживеа мојот кум, изјави Рахиќ за Гранд.