Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд, чија кариера се протегаше од 1970-тите до 2020-тите, почина на 88-годишна возраст по долго боледување во Мајами, пренесуваат странските медиуми.
Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син, акерот Кифер Сатерленд.
„Со тешко срце ви соопштувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Бeше еден од најважните актери во историјата на кинематографијата. Го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше, а повеќе од тоа не можете да барате“, напиша Кифер.
Сатерленд стана икона со филмовите како „Валканата дузина“, „МАШ“, „Клут“ и „Не гледај сега“, и уживаше во плодна и широката кариера со филмовите, вклучувајќи ги „Обичните луѓе“ и „Без граници“. Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“.
Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.
Сатерленд зад себе ги остави неговата сопруга Франсин Рацет, синовите Рог, Росиф, Ангус и Кифер, ќерката Рејчел и четири внуци. Неговиот син Кифер го наследи татко му во филмската индустрија.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)