Познатиот пејач Џастин Тимберлејк неодамна беше уапсен поради возење во пијана состојба. И додека се чека судот да донесе конечна одлука за тоа колкава ќе му биде казната, на мрежите се шири ново вирално видео, пренесува курир.рс.
Во овој клип од 2007 година, Тимберлејк ја повикува пејачката Бритни Спирс повторувајќи ѝ реплика.
-Престани да пиеш, медиумите ќе пишуваат лошо за тебе. Престани да пиеш. Знаеш кој си. Тебе ти зборувам. Престани да пиеш, ќе се збркаш. Медиумите ќе пишуваат лошо за тебе – и порача пејачката, а неколку дена подоцна си ја избричи главата.
@breatheheavycom Well well well… Justin Timberlake had a message for Britney in 2007. #justintimberlake #britneyspears ♬ original sound – BreatheHeavy
Тимберлејк подоцна тврдеше дека неговата изјава не била насочена кон Бритни и дека пораката „не била насочена кон никого конкретно“, но обожавателите ископале старо видео кое сега стана вирално.
„Ох Џастин“, „Тој си праќа СМС на иднината“, „Карма“, и „Лицемер“ се дел од коментарите.
Бритни Спирс и Џастин беа во врска три години, од 1999 до 2002 година. Нивната врска повторно се најде во центарот на вниманието, откако таа објави мемоари во кои отворено пишува за нивната љубов.