Ништо не е толку моќно како комбинацијата на малини и чоколада, а кога од нив ќе се направи десерт, тогаш на повидок е вистинско уживање, совршено за летните денови.
Состојки за сладолед од малина и чоколада:
слатка павлака 500 мл
црна чоколада 200 г
малини 100 г
грчки јогурт 150 г
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака и во неа додадете ја растопената црна чоколада, а потоа додадете ги и свежите малини. На крај додадете еден грчки јогурт и засладете по желба.
Вака добиената смеса ставете ја во соодветен сад и замрзнете ја.
На здравје!