Во Македонија се губи вода дури околу 62 проценти. Токму за ова денес беше запрашан претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кој рече:
-Во Македонија загубите на вода се околу 62 проценти, тоа пред се се должи на неинвестирање во инфраструктурата. Ние како РКЕ неколку наврати кажавме дека не бегаме од одговорност и подготвени сме да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги, имајќи го во предвид нашето искуство во енергетиката. Со тоа гарантираме дека ќе ја подобритем ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број на инвестиции, а со тоа ќе ја намалиме загубата на вода на државно ниво, а со тоа нема да се предизвикаат никакви ценовни шокови. Значи со намалување на загубите ќе се зголемат количините кои ќе се фактурираат и на тој начин нема да има потреби од зголемување на цените. Во регионот сме земја со највисоки загуби, рече Бислимоски.