Филмското студио „Парамаунт“ работи на римејк на филмот „Офицер и џентлмен“ од 1982 година, а главната улога ќе ја добие Мајлс Телер, а кој ќе ја игра главната женска улога, која претходно ја играше Дебра Вингер се уште не е познато, пишува Вариети.
Претстојниот римејк на Paramount ќе го продуцира Темпл Хил со последниот нацрт на сценариото напишан од Дејна Фокс, а оригинално напишан од Мет Џонсон.
Во филмот главниот лик е Зак Мејо, млад човек кој запишува воено училиште кое обучува пилоти за поморска авијација. Поради својот карактер, тој често доаѓа во конфликт со своите претпоставени, особено со наредникот Емил Фоли (Луис Госет помладиот).
Меѓутоа, ситуацијата се менува откако Зак ја запознава Пола, девојка која работи во фабрика која сонува да замине од дома.
Инаку, филмот постигна голем успех на киноблагајните и доби шест номинации за Оскар.
Тој на крајот освои два, за најдобра песна и најдобра споредна машка улога. Интересно е што Оскарот за најдобра споредна машка улога го доби Луис Госет помладиот и со тоа стана првиот Афроамериканец кој ја освоил оваа награда.