На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата вчера донесе Одлука за престанок на мандатот по сила на Закон на градоначалникот на општината Сарај, по верификацијата на неговиот мандат како пратеник.
Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети се повлече од функцијата градоначалник откако му беше верификуван пратеничкиот мандат во Собранието, како пратеник од редовите на ДУИ.
Инаку, Владата денеска ја одржа 27 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава.