Француската актерка Анук Еме почина на 92-годишна возраст. Таа важеше за една од најубавите и најуспешни француски актерки.
Тажната вест ја објави нејзината ќерка Мануела Папатакис на социјалните мрежи
„Бев покрај неа кога почина утрово во нејзиниот дом во Париз“, напиша Мануела.
Познатата француска актерка играше во 74 филмови и ТВ серии.
Никол Франсоаз Флоренс Драјфус, која подоцна го зеде псевдонимот Анук Еме, ја одигра својата прва улога на 13-годишна возраст во филмот „Куќата покрај морето“, објавен во 1946 година.
Во 1959 година, Анук Еме глуми во филмот „Сладок живот “ (La Dolce Vita) на Федерико Фелини, а во 1963 година играше улога во 8 ½ на овој режисер.
Пресвртница во кариерата на актерката, пишува Ле Монд во нејзиниот некролог, беше главната улога во филмот „Лола“ (1961) во режија на Жак Деми. И самиот филм и Анук Еме беа номинирани за британската филмска награда БАФТА за нивната работа во него.