Џастин Тимберлејк е уапсен рано утринава поради возење во пијана состојба. Тој беше запрен и приведен од полицијата во Сег Харбор, кој се наоѓа недалеку од Хемптонс, популарна дестинација за одмор на Лонг Ајленд.
Познатиот пејач наводно пред апсењето го напуштил хотелот во кој бил на вечера и се упатил кон куќата на својот пријател.
TMZ пренесува дека Џастин Тимберлејк игнорирал знак „СТОП“, но и дека неговиот автомобил возел на погрешна лента. Неименуван извор тврди дека немало сообраќајна несреќа и повредени.
Тимберлејк денеска се појави на суд во Сег Харбор заедно со неговиот адвокат Ед Бурк. Неговите раце беа во лисици.
Тој беше ослободен подоцна истиот ден.
Тој повторно ќе треба да се појави на суд на 26 јуни.