СВР Штип информира за полово вознемирување во салон за масажа во Штип.
-На 17.06.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Штип, 28 – годишно женско лице пријавило дека околу 14.30 часот во салон за масажа во Штип била полово вознемирена и допирана по телото од сопственикот на салонот. За настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Штип.