Бањата Пачир е единствена по своето розево езеро кое има површина од 2.000 квадратни метри. Езерото е исполнето со лековита вода.
Температурата на водата, како што пишува српскиот портал Блиц, кога ќе излезе на површината е околу 72 степени, додека кога ќе се олади се спушта на околу 30 степени. Со оваа вода може да се лечат разни болести, а најчесто помага за решавање на кожни болести и ревматизам.
Водата содржи натриум, јод, сулфат, бром и многу други минерали. Бојата потекнува од јод, бром и литиум, кои овде ги има во висока концентрација.
Врз основа на составот на водата, бањата доби медицински сертификат. Топлата, солена вода помага во зачувување и одржување на здравјето, придонесувајќи за зајакнување на имунолошкиот систем.
Цените за сместување во Бања Пачир се многу прифатливи. Почнуваат од 18 евра, за 30 може да се најдат малку поголеми апартмани, додека најлуксузните чинат и до 70 евра.
Екипата на Блиц успеала да најде стан по цена од 18 евра.
Станува збор за климатизиран стан со едно купатило, трпезарија, опремена кујна, тераса и една спална соба. Површината на станот е 40 квадрати, има бесплатен паркинг, а во близина има и игралиште за деца.