Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино доживеал непријатност за време на ручек во ресторан во Њујорк кога бил нападнат од антиизраелскaтa активистка Крекхед Барни, која ја поддржува Палестина.
За оваа несекојдневна сцена информираа светските медиуми. Тие детално опишуваат што се случило во ресторанот.
Додека ручал, на Тарантино му пришла жена облечена во бикини и здолниште и почнала да го навредува обвинувајќи го за ционизам и поставувајќи му провокативни прашања. Ситуацијата брзо ескалирала, а вработените во ресторанот морале да реагираат за да спречат поголем инцидент.
„Квентин Тарантино! – прво му се обратила активистката, а кога тој накратко ја поздравил, таа го прашала:
„Зошто сте ционистички ѓубре?“
Откако била исфрлена од ресторанот, Барни и група луѓе продолжиле да го напаѓаат Тарантино на улица, извикувајќи слогани против Израел.
Обидувајќи се да излезе од толпата, режисерот бил изложен на физичко насилство, а самата Барни дури тргнала кон него гола до половината.
Нападот на Тарантино не беше случаен, туку беше мотивиран од неговите јавни ставови за Израел.
Тој јавно го поддржа Израел во војната и ја изрази својата посветеност на Тел Авив, каде што моментално живее со сопругата и децата.
„Ја сакам оваа земја, Тел Авив ме потсетува на помала верзија на Лос Анџелес. Луѓето се навистина љубезни кон мене и возбудени што сум тука – изјави Тарантино пред три години во едно интервју и додаде:
„Сепак, не би снимал филм за политичката клима во Израел!“