Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев добил понуда од мандатарот Христијан Мицковски да биде министер за локална самоуправа во владата што ќе ја предводи јави тв 24.
“Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот“ – вели Јанчев за ТВ 24.
Јанчев кој беше потпредседател во ВМРО ДПМНЕ беше разрешен од таа функција откако влезе во кавга со Мицковски,му бараше оставка и изјавуваше дека тој ќе биде лидер на ВМРО ДПМНЕ.
Во кампањата за последните локални избори сепак се појавија заедно Јанчев како сигурен кандидт за уште еден мандат ја доби подршката од Мицковски иако тој и без подршката ке победеше..
Сега на понудата од Мицковски за министер според изворите на тв 24 останало наредниве денови Јанчев да размисли и да го извести Мицковски дали ја прифаќа понудата за министер за локална самоуправа која во претходната влада на Ковачевски ја извршуваше Ристо Пенов од ЛДП.