Ако ви снемало леб дома, не грижете се, бидејќи за половина час лесно можете да направите погача според рецептот на Кујната на баба.
Еве што ви е потребно за овој брз и лесен рецепт:
лонче од 200 грама
2 лончиња брашно за леб
2 лончиња пченкарно брашно
1 лонче јогурт или млеко
50 мл масло
10 грама квасец
1 прашок за пециво
сол
1 грст семки од сончоглед
1 грст ленено семе
млеко
Подготовка:
Скршете ги јајцата во сад и малку изматете ги со жица. Додадете растопен квасец, масло, јогурт или млеко, двата вида брашно и прашокот за пециво.
Одозгора ставете семки, сол, измешајте, додавајќи уште малку млеко или кисела вода. Тестото мора да биде малку потенко. Истурете во поголем плех обложен со хартија за печење.
Оставете го на топло додека не се загрее рерната. Печете на 220 степени 35-40 минути. На здравје!