Познатата ТВ водителка Јована Јоксимовиќ повеќе од десет години е во брак со поп-пејачот и текстописец Жељко Јоксимовиќ.
Оваа славна двојка со години ужива во хармоничен брак, а Жељко во шоуто на Цеца се присети на почетокот, на нивното додворување.
-Ја видов првпат одзади, на ждрепката. Настапував и ја видов одзади. Видов статуа како грациозно стои. Тогаш веќе ми беше интересна, кога го видов нејзиното лице, знаев која е – изјави Јоксимовиќ.
Оваа популарна брачна двојка заедно беа домаќини на Евровизија во Белград.
„Не можеше да ме поднесе во тој период. Мислеше дека сум малку наивен, но кога ја сретнав и кога влегов во нејзиниот автомобил и и ја отворив касетата, сите мои ЦД-а беа таму“ – изјави Жељко во емисијата „Цеца шоу“.
Тој се осврна и на бракот со водителката и откри кој е глава на куќата во нивниот дом.
„Мислев дека сум глава на куќата. Кога ќе се пресече нешто важно, тоа сум јас, тоа ќе го потврди Јована. Но, Јована многу добро оперативно носи се на грб. За деца, резервации, работа… Навистина сè, јас тука ништо не би менувал ! – искрено рече Жељко.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)