Во моментот кога почнуваше погребната поворка со семејството, роднините и пријателите на 11-годишната Василики, девојчето убиено од нејзиниот чичко, избувнал пожар во бараката на семејството на сопругата на убиецот. Според првичните наоди, се работи за подметнат пожар.
Во моментот на подметнувањето на пожарот, ниту еден член од семејството не бил во околината. Наводно, сите роднини на 37-годишниот убиец, кој го призна делото, веќе го напуштиле селото, плашејќи се од одмазда. Според она што го соопштуваат, им се заканило лице кое претходните денови најавило дека „ќе ги запали“.
Семејствата на девојчето и убиецот се роднини, кои биле во добри односи додека не се случила трагедијата, пишува ilialive.gr. Убиецот бил прв братучед на таткото на детето.
Се работи за случај со исчезнување на детето, поради што беше издадена тревога, за кратко потоа да биде пронајдено мртво, убиено и оставено на нива во Катарачи, Илија.
Приведен е чичкото на девојчето (37), кој подоцна го признал делото. Тој е обвинет за убиство од небрежност, обид за силување на малолетник, киднапирање малолетно лице, употреба на оружје и носење оружје. Роднините на починатата Василики и пријателите на семејството се обиделе да го линчуваат убиецот кога тој пристигнал вчера со полицискиот автомобил пред судот.
Полицијата не успеала да го извлече од автомобилот откако возилото било обиколено од разгневената толпа која се насобрала.
Обдукцијата извршена врз несреќното дете покажа дека била прободена во слезината и срцето. Наодите на лекарот не се покажаа траги на сексуална злоупотреба.
Насилникот е познат на полицијата и претходно, во 2017 година, кога бил обвинет за силување на 14 – годишно девојче.
Извор: e-daily.gr