Поротата го прогласи синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје, објавија денеска неколку медиум, цитирајќи новинари во судницата, пренесе ДПА.
Хантер Бајден беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време. Тој може да се соочи со затворска казна до 25 години и парична казна до 750.000 долари.
Сепак, не е јасно колку тешка казна ќе изрече одговорниот судија, бидејќи Хантер Бајден нема криминално досие.
Американскиот претседател претходно изјави дека нема да го помилува својот син во случај на осуда, забележа ДПА