Американските медиуми пишуваат дека ресторанот Bliss Caribbean, отворен во текот на минатиот месец во Мисури забранува влез за гости под 30 години после 19 часот.
Како што пренесе People Magazine, сопственикот на ресторанот Марвин Пејт рече дека сака ресторанот да стане дестинација за карипската кујна и да не служи за мажи помлади од 35 години и за жени под 30 години.
Пит истакна дека на влезот ќе се бараат лични карти.
Според него ресторанот е наменет за стари лица „кои сакаат да уживаат во добра храна и да не се грижат за вревата што ја прават младите“. Тој рече дека сака неговите гости да се чувствуваат како да се на одмор на Карибите.
„Се разбира, добивме негативни реакции за нашата политика за ресторани, но тоа е во ред. Ние се држиме до нашиот кодекс. Оваа политика е на сила за да обезбеди зрела, софистицирана и безбедна средина за јадење“, додаде тој.