Заменик министерката за здравство, Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.
На средбата било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор, кој треба да ги исполнува условите согласно законот – посочија од Министерството за здравство.
Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до ресроното министерство.