– ММС
Истражувања

Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на градите

Преработеното месо, како што се шунката, колбасите и сланината, за девет отсто ја зголемува веројатноста да се развие рак на гради кај жената – покажува новото истражување на Универзитетот Харвард.

Научниците спровеле анализа на податоци кај 1,2 милиона жени.

„Проучувањето покажа значителна поврзаност меѓу јадењето обработено месо и ризикот од рак на градите. Намалувањето на консумацијата на обработено месо, пак, се чини полезно за превенцијата од ракот на гради“,  изјави раководителката на истражувањето, д-р Маријам Фарвид од Харвард.

Сепак, сето тоа треба да се земе со резерва, зашто тоа остава „многу неодговорени прашања” и не докажува дека поголемата консумација на преработено месо води директно до рак на градите, смета проф. Кевин Мекконвеј од британскиот Отворен Универзитет.

Лограње

X

Регистрација