Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе добива годишна плата од 10,5 милиони евра на чело на турскиот гигант Фенербахче.
Информации за бонусите на основната плата на стручњакот не се објавени.
Целта за Португалецот е освојување на турската лига. Фудбалерите на Фенербахче една деценија не триумфирале во локалниот шампионат и сега управата на клубот бара промена.
Мурињо за прв пат по 20 години ќе предводи тим кој не е дел од топ 5 европските првенства.
Во својата долга тренерска кариера, Жозе Мурињо беше на чело на некои од најголемите клубови на Стариот континент, вклучувајќи ги Бенфика, Порто, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челси, Тотенхем и Рома.
Мурињо е еден од најдобрите тренери на 21 век. Четири пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината, два пати ја освои Лигата на шампионите, а на тоа додаде уште 26 клупски трофеи.