Вкупно 642 милиони граѓани во Индија гласаа на општите избори во земјата кои завршија по шест недели – информираше шефот на изборната комисија, Рајив Кумар.
„Го срушивме светскиот рекорд со 642 милиони индиски гласачи, тоа е историски момент за нас“, изјави Кумар.
Тој додаде дека половина од гласачите на овогодишните избори биле жени, односно 312 милиони.
„Тоа покажува неверојатна сила на индиските гласачи“, додаде Кумар и ја пофали „неверојатната сила на индиската демократија“.
Според податоците кои ги обработи изборната комисија, на изборите гласале 66,3 проценти или нешто помалку од претходните општи избори во 2019 година.
Кумар рече дека „642 милиони гласачи избраа акција наместо апатија, верба пред цинизам и во некои случаи гласање наместо куршуми.
Седмата и последна фаза од општите избори заврши во саботата по шест месеци од изборите. Објавувањето на резултатите се очекува во текот на денешниот ден.
Според изборната комисија, за време на шестнеделните избори не се забележани поголеми инциденти на насилство. Излезните анкети покажуваат дека актуелниот премиер Нарендра Моди е на добар пат да освои трет мандат на чело на владата.
Инаку, Индија користи електронски машини кои овозможуваат брзо броење на гласовите. Кумар изрази задоволство што воспоставиле „силен процес на броење гласови“.