Аднан Џаферовски членот на централниот одбор на СДСМ, денес во телефонско јавување на емисијата „Стадион“ емитувана на Канал 77 го потврди инцидентот кој се случил пред седиштето на СДСМ пред неколку денови.
Како што кажа тој, бил брутално отстранет од пред вратите на СДСМ, без да му се даде шанса да ги каже конструктивните критики кон челниците на партијата.
- За жал, за првпат во историјата на постоењето на оваа партија, видно нервозни луѓе од раководството на СДСМ не можеа да ги сокријат своите емоции, ниту пак беа подготвени да се соочат со вистината и конструктивните критики. Видов група наслиници кои ме потсетија на 27 април, кога се случи крвавиот четврток. Вакво нешто не паметам било кога да се случило, на симпатизер на партијата и член на централниот одбор да му биде попречено да биде присутен на седница и тоа на насилен и крајно мизерен начин. Нивното единствено образложение беше дека сум решил да го замрзнам членството во партијата, но јас јасно кажав дека тоа ќе биде така до крајот на изборите, уверува Џаферовски.
Аднан уште еднаш потенцираше дека не постои човек кој може да го предомисли или исплаши во искажување на неговиот став, укажувајќи надеж дека ваквиот насилен пристап кон симпатизерите на оваа партија нема никогаш да се повтори.
Целата емисија на „Стадион“ може да ја проследите на линкот подолу.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)