Дваесетгодишно момче од радовишкото село Коџалија синоќа починало по удар од гром. Случајот во полициска станица бил пријавен вчеравечер, а според пријавата, во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20).
При тоа, со повреди се здобил неговиот соселанец З.М. (23).
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а З.М. по укажаната помош од Итната помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Радовиш, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството – соопшти претпладнево МВР.