Палестинскиот Исламски џихад денеска објави втора снимка од заложникот Александар (Саша) Труфанов во Појасот Газа, овој пат со јасни докази дека е снимена неодамна, јавија израелските медиуми.
Во изјавата во триминутното видео, за кое израелските медиуми велат дека ја диктирале киднаперите, се алудира на одлуката на Израел да ја забрани катарската телевизија Ал Џезира што се случи на 5 мај, што сугерира дека снимката е од овој месец.
Исламски џихад во вторникот објави видео од Труфанов, кое траеше 30 секунди и немаше никакви навестувања кога е снимено.
И Исламски џихад и Хамас претходно објавуваа слични видеа на заложници кои ги држат терористичките организации во она што Израел го нарекува „срамна психолошка војна“.
Труфанов беше киднапиран на 7 октомври 2023 година од кибуцот Нир Оз заедно со неговата мајка, баба и девојка.
Сите три жени беа ослободени врз основа на договорот за прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници во израелските затвори. Неговиот татко е убиен.
Во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година, загинаа околу 1.200 луѓе, повеќето цивили, а повеќе од 250 заложници беа киднапирани и однесени во Газа.
Околу 130 од нив се уште се во заточеништво, но не се знае дали сите се живи.
Повеќето израелски медиуми не емитуваат такви видеа