Заради извршување градежни активности, од денеска времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, соопштуваат од АМСМ.
Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од 31.05.2024 во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, велат од АМСМ.